Манасиевски: Без разлика на припадност и функција, секој вклучен во противправно дејство ако има докази мора да одговара

74
Манасиевски: Без разлика на припадност и функција, секој вклучен во противправно дејство ако има докази мора да одговара

Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска, етничка, а најмалку без разлика на неговата функција која ја извршува.

Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување.

Од аспект на морал сметаме дека поголемата одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите.

Нашата заложба како Влада е јасна, а тоа значи бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата.

Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми.

Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Денеска прва средба на работните групи за правосудството
Следно соопштениеПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2025 За набавка на услуги – организација на Регионална Мрежа за Сина Економија во Република Северна Македонија