Манасиевски: Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и Али Ахмети

52
Манасиевски: Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и Али Ахмети


Прашање: Во контекст на кандидатите за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, од страна на политичката партија Левица, кој е вашиот коментар?

Одговор: Политичката партија Левица извади кандидати во Тетово, Гостивар и во Струга, а не извади на пример во општина Велес, од каде што и доаѓа претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев, е чист доказ дека Левица се користи како една гума за спасување на ДУИ и на претседателот Али Ахмети, со цел да ги расцепкаат гласовите во овие општини. Јас тука би сакал да додадам и две прашања кон кандидатите за градоначалници во Струга и во Град Скопје, до Јована Мојсоска и Амар Мециновиќ. Дали истите ќе си поднесат неотповиклива оставка од функцијата пратеник, доколку ги загубат изборите, впрочем тоа и го говореа изминативе периоди дека доколку некој се кандидира за градоначалник треба и да си поднесе оставка од функцијата пратеник.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМанасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка од функцијата пратеник од морални причини
Следно соопштениеЃорѓиевски со нов проект за младите, Скопје сити гоу, паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Скопје ќе бидат достапни на едно место