Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

63
Манасиевски: СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност

СДС и ДУИ се синоним за предавства, криминал и неспособност.

Во историјата на Македонија немало акција каде било уапсен актуелен министер, актуелен градоначалник, поранешни градоначалници и министри во исто време.

Брутално безобразие е партиите СДС и ДУИ да велат дека има селективна акција истите тие чии претседатели се товареа со украдени пари.

Венко Филипче не кажува дали има златна виза, а за Заев е познато дека има.

Да потсетиме за модуларната болница каде виновникот број еден тогашниот министер за здравство, а сега привремен чувар на фотелјата во СДС немаше заедно со тогашниот премиер Заев ниту еден притворен.

СДС се повеќе тоне заедно со ДУИ во безличностата, и во својата неспособност.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази
Следно соопштениеСДСМ: Ем бесмислена, ем нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените