Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот

112
Манасков со 13 гола во Битола – Вардар максимален во плејофот

Вардар се враќа со триумф, 25-18 (12-7) од Битола против тимот на Еурофарм Пелистер 2, и „црвено-црните“ остануваат на лидерското место на табелата во плејофот. Дејан Манасков постигна 13 гола, повеќе од половина за тимот за кој денеска не настапија Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Куни Моралес и Милан Лазаревски.

Само во почетните минути битолскиот тим беше рамноправен, и од 3-3 Вардар со серија брзо направи резултатска предност од 11-4.Во првите 30 минути од вкупно 12-те гола на Вардар, девет беа на Манасков и на Јагуриновски. Брзо покажавме дека нема да му дозволиме на противникот да се понадева на можност да се врати во игра, и ние ги држевме конците во рацете.

Игравме добро во одбрана, па на мечот направивме само едно исклучување, а реализиравме 6 од осумте пенали што беа досудени во наша корист.

Во второто полувреме дојдовме и на највиоските „плус 9“ за водство 17-8. Единствено што домашните ракометари успеваа да направат беше намалување на „минус 5“, а ние повторно одевме на оние стабилни 6-7 голови, и така остана на крај, 25-18.

Следува ЕХФ недела во која дел од ракометарите на Вардар ќе настапат за репрезентацијата, а потоа продолжуваат натпревари од Купот и Првенството.

* Статистика од натпреварот –Eurofarm Pelister 2 vs Vardar1961

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПрв бод за нашите девојки на Балканијадата во Белград – Одбојкарска федерација на Македонија
Следно соопштениеВардар на мегдан со Партизан за прво место во групата во СЕХА-Газпром лигата