Матеј Јовановски е новото заслување во стручниот штаб на Вардар

65
Матеј Јовановски е новото заслување во стручниот штаб на Вардар

За новата сезона стручниот штаб на Вардар ќе биде засилен со Матеј Јовановски, кој ќе биде кондициски тренер. Тој е еден од најперспективните млади кондициски тренери во Македонија, со искуство во одбојката и кошарката.

Јовановски е добро познат во одбојката бидејќи беше задолжен за физичката подготвеност на екипите на Форца волеј, Јанта волеј, а потоа премина во кошарката.
Таму беше задолжен за сениорската женска репрезентација на Македонија, за репрезентацијата до 18 години која играше на ЕП, па и за мажите до 20 години кои играа на машкото ЕП во А дивизијата.

Во кошарката беше ангажиран и во екипата на ТФТ од Скопје каде работеше со сениорскиот тим и со младите категории.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕдна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, интерконектор за гас со Грција и јасен повеќе годишен план и стратегија за стабилен и независен енергетски сектор во служба на граѓаните
Следно соопштениеИлиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена