Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерството

119
Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерството

Министерот Меџити веројатно го погрешил ресорот па наместо да се занимава со основната дејност на ресорот – здравството, очигледно се однесува како министер за надворешни работи, а Министерството кое го предводи го претворил на туристичка агенција.

Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерствотоМеџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерствотоМеџити кој повеќе шета низ светот, а многу помалку е посветен на решавање на проблемите на пациентите воопшто не покажа основна грижа за затворањето цели оддели по болници и што персоналот го напушта јавното здравство, а континуирано до нас пристигнуваат информации за неправилности и мобинг по ЈЗУ.

Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерствотоМеџити не го интересираат проблемите на дијабетичарите, не даде одговори ниту за забелешките од Извештајот на ЕК, не даде отчет ни за copy-paste буџетот кој покажува основна негрижа за пациентите и за инфраструктурата.

Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерствотоЗа Меџити мисловна именка е инвестиција во кадар на среден и долг рок, како и капитална инвестиција во здравството.

Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерствотоНо, затоа додека министерската позиција ја подразбира како шетање низ светот имаме затворање оддели во болници и имаме четврт министер за здравство кој со прст не мрдна да го зајакне кадарот низ болниците во државата, истиот тој Меџити распишува огласи во самото Министерство за административен кадар и разни советници и соработници во најголем дел партиски кадри на Меџити од албанска националност.

Оттука прашуваме:

1⃣На колку патувања досега бил Меџити и со колку членови во делегацијата?

2⃣ Колку средства се потрошени за неговите патувања заедно со делегациите ?

3⃣ Што конкретно договорил Меџити и што конкретно преземал за едукација на кадри во рамки на тие патувања, ако се земе во предвид дека соопштенијата негови содржат само празни ЌЕ флоскули?

4⃣Дали Меџити е информиран дека додека шета низ светот на КАРИЛ недостасуваат следните лекови:

➡Heavy Bupivacaine

➡Esmocard

➡Dexmetomidine

➡Dormicum

➡ Ultiva ( remifentanil ) а имало периоди кога нема основно Atropin

5⃣Што се случи со тематската седница на Влада на која требаше Меџити да иницира вработувања по болниците и тоа да биде приоритет и зошто не се обезбедуваат средства за медицински кадар од надлежните институции согласно потребите?

👉Одговорите се добро познати, а она што е повеќе од јасно е дека во оваа влада еден од најосетливите ресори-здравството е позициониран на маргините, а штетата од ваквите политики ќе биде на долг рок.

https://www.facebook.com/KomisijaZaZdravstvoVMRODPMNE/posts/pfbid022WR3drcysSMgJ2yShL38gAE9eiDEFEQb8ZHrvEoTJoZAYvjvh93G9mezCKo8E8bnl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПаунов до Спасовски: Ниту една закана која ја испраќате нема да ме исплаши да ја кажам вистината, наместо реакција за вчерашниот обид за киднапирање во Карбинци и расчистување МВР демантира
Следно соопштениеНа 10 и 11 декември ќе има посебен режим на сообраќај на улиците околу црквата Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – Општина Струмица