МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА НА ОЛД-ТАЈМЕРИ ВО КАРПОШ

129
МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА НА ОЛД-ТАЈМЕРИ ВО КАРПОШ

По повод роденденот на класичниот  класик Mini денеска на плоштадот Делфина во населбата Влае, се одржа изложба на 50 возила-олд тајмери и на колекционерски предмети. Овој викенд настан е под мотото „Автомобилска рустика“. Интересот на посетителите беше огромен како и на оние кои сакаа да ги погледнат и да се воодушеват од старо/новите возила. . На денешниот собир, освен домашните, беа присутни и четири гостински авто клубови од Република Србија. Овој настан доби и поддршка од Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој по втор пат е учесник. Денешната колона на олд-тајмери продолжува до паркот на Франкофонијата, и потоа и до сквер Јадран. Оваа изложба завршува утре во паркот во Ѓорче Петров од 10 часот. На сите учесници ќе им бидат подарени елки туи во знакот на екологијата.

Здружението на олд тајмери „Љубители на класик мини” искажа голема благодарност до Општина Карпош која секогаш се вклучува во организација на вакви настани коишто го збогатуваат културно забавниот живот во Карпош.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБлокадите од Мицкоски за членството во ЕУ се против подобар живот на народот
Следно соопштениеМицкоски: Проблемите во образованието се последица на тоа што мафијата во образованието во тендерите гледа можност за лично богатење