МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА НАСТАВА ВО КАРПОШ

54
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА ИСТРАЖУВАЧКА НАСТАВА ВО КАРПОШ

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош,    Стевчо Јакимовски, се  потпиша Меморандум за соработка помеѓу Креативниот центар Карпош и Универзитетот Бар-Илан од Израел за реализација на меѓународна работилница под наслов: „ Promoting 21st Century Skills through Inquiry-Based Teaching on Sustainability and Food Security in Internatiinal Learning Environments (ILE)“. Оваа програма е наменета за околу 15 наставници по природни науки од основните училишта во Карпош. Целта е наставниците да развијат современи методи за истражувачко предавање и да ги пренесат овие пристапи во училниците користејќи едноставни и достапни материјали.

Работилниците ќе ги водат професори и истражувачи од Универзитетот Бар-Илан, преку комбинација од онлајн и присутни сесии. Наставниците ќе работат на практични екперименти поврзани со одржливост и безбедност, а преку Рефлексивен дневник на учење ќе ја следат својата професионална надградба.

Општина Карпош ќе обезбеди административна и логистичка поддршка, додека Креативен Центар Карпош ќе биде главен координатор на активностите во Македонија. Исто така, Универзитетот Бар-Илан ќе обезбеди академско водство и ќе издаде сертификати за учесниците.

Со оваа соработка, партнерите се обврзуваат да развиваат идни програми, размена на наставници и ученици, како и заедничко аплицирање за меѓународни фондови.

Овој проект претставува значаен чекор,во унапредувањето на наставата по природни науки и зајакнувањето на критичкото размислување, креативноста и соработката кај младите младите генерации.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеАли, Артан, Бујар, Филипче и Заев- оската на злото ДУИ-СДС нема да избега од правдата 
Следно соопштениеОрце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп