МЕЃУНАРОДНО ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД ФК „КАРЕВ“

107
МЕЃУНАРОДНО ЗЛАТО И СРЕБРО ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД ФК „КАРЕВ“

Младите фудбалери од ФК Карев имаа одлично издание на меѓународниот турнир „Вихрен куп Сандански 2024“ кој се одржа минатиот месец во соседна Бугарија.

Имено, играчите од фудбалската генерација на „Карев“ од 2016 година го освоија првото место, додека пак нивните постари тимски колеги од генерацијата 2011-та, успеаја да го освојат второто место на ова меѓународно натпреварување. Инаку, на турнирот учествуваа повеќе екипи од Бугарија, Србија, Романија, Молдавија, Грција и останати земји учеснички.

 

Колекцијата на признанија за ФК „Карев“ ја збогатија и индивидуалните трофеи за најдобри голмани од генерациите 2011-та и 2016-та, кои на најдобар начин го промовираа македонскиот фудбал во меѓународни рамки.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДодека директорот хармоникаш пее и лумпува по кафани во РЕК Битола се случува тотален колапс, надвор од функција се трите блока
Следно соопштениеПендаровски пред избори викаше дека ќе го слуша народот, за после да вели дека функционерот треба да му кажува на народот и не треба да го прашува електоратот