Менаџментот на ЗОО Скопје целосно потфрли, дали во градината се шири епидемија на туберкулоза?

49
Менаџментот на ЗОО Скопје целосно потфрли, дали во градината се шири епидемија на туберкулоза?

Менаџментот на скопската Зоолошка градина и раководството во градот целосно потфрлија. Во градината постојано угинуваат животни поради разни болести.

Во ЗОО Скопје владее општ хаос, животни се разболуваат и умираат, а никој не ги третира и лекува.

Сите инциденти за разболување и угинување на животните, установата ги крие од јавноста, а со тоа го доведува во опасност здравјето на останатите животни, но и на вработените и посетители.

Една од болестите којашто е причина за смртта на голем број животни е туберкулозата, која е заразна болест и претставува вистинска опасност за целата околина.

Пред месец и половина, во скопската зоолошка градина починаа три лами од болеста туберкулоза, а кај уште две е потврдена истата инфекција.

Но, хаосот не запира тука. Пред 3 дена почина и младото мајмунче од видот Гибон, а според патолошкиот наод, повторно се потврдува присуство на туберкулоза, истиот вид зараза како кај ламите.

Ова претставува аларм по кој треба итно да се реагира, а менаџментот да понесе одговорност.

А ваквите случаи отвораат сериозни прашања колку животни загинаа од оваа болест, колку се загрозени и дали вработените и посетителите се безбедни?

Време е за одговорност и итна реакција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче за Слободен печат: Мицкоски треба да одговори дали комуницирал со групи кои биле следени и зошто?
Следно соопштениеФилипче: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, Скопје е најдобар доказ за нивниот неуспех