Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија

106
Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.

„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени“, истакна Мицкоски.

Во своето обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.

Линк од ФБ објава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

  • https://www.facebook.com/share/v/uMPeETYnyy215CGT/?mibextid=oFDknk

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС го вратија на функција директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш кој беше разрешен поради трговија со дрога
Следно соопштениеДПМНЕ ја остави Универзална да се распаѓа, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања