Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават

129
Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во Ѓорче Петров на отворање на нова општинска зграда. Таму тој беше запрашан од медиумите за коментар во однос со последната ФБ објава на Никола Груевски.

Мицкоски само порача дека никогаш не сака да прави на луѓето нешто, што не сака нему луѓето да му прават.

„Нека е жив и здрав, мојата порака до Никола Груевски е не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават“, рече Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОТПИШАН МЕМОРАНДУМОТ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДВЕ ГРАДИНКИ И ДВЕ УЧИЛИШТА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,МОНТЕСОРИ”
Следно соопштениеМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето, но ако мислат дека има раскол ајде на предвремени избори