На 29 мај 2025 година, Мицкоски јавно, на седница за пратенички прашања, понуди консензус за една изборна единица, со можност дијаспората да гласа преку избирачки места и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Тој тогаш уверуваше дека ДПМНЕ веднаш ќе го поддржи таквиот закон.
Само една година подоцна, од тој предлог не остана ништо. Во актуелниот Предлог-изборен законик едната изборна единица воопшто не постои, а ДПМНЕ целосно ја напушти сопствената иницијатива. Наместо тоа, како предуслов за каква било измена на Изборниот законик, Мицкоски ја наметна електронската форма на гласање на дијаспората – прашање кое никогаш не бил негов или предлог на ДПМНЕ, не произлегува од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за кое не беше постигнат консензус во работната група.
Кога ќе се откажете од сопствениот компромис и ќе го замените со нов услов и нова контратежа, за што однапред знаете дека нема политичка поддршка, тогаш очигледно целта повеќе не е да се подобри Изборниот законик, туку тоа да се спречи и да останат истите правила поволни за нив и поголемите политички партии.
Со таквиот пристап, ДПМНЕ свесно ги жртвува и реформите што со години се бараат и од меѓународните набљудувачи. Наместо да се отстранат системските недостатоци и да се обезбедат поправедни изборни правила, се произведува вештачки спор околу прашање што никогаш не било дел од реформската агенда.
Причината е очигледна. Со свесното туркање кон пропаѓање на измените на Изборен законик останува во сила постојниот модел кој најмногу им одговара на поголемите партии. Тој го задржува нерамноправниот изборен натпревар и, меѓу другото, овозможува Левица и на следните избори да остане единствената парламентарна партија со пратеничка група која ќе биде лишена од можноста и средствата за рекламирање, додека сите останати учесници ќе располагаат со таа можност.
Затоа денешната црвена линија е политичка алатка. Не за реформа на изборниот процес, туку за зачувување на моделот што им одговара на оние кои со години го контролираат.
The post Мицкоски ги смени сопствените црвени линии и контратежа, сѐ со цел Левица да остане лишена од фер третман во изборниот процес first appeared on Левица.
