Мицкоски има слика и со Ковачевски кој е прв во криминалот, што не значи дека го споделува неговиот криминал, а тој да одговори дали луѓе рекетираат повикувајќи се на него

119
Мицкоски има слика и со Ковачевски кој е прв во криминалот, што не значи дека го споделува неговиот криминал, а тој да одговори дали луѓе рекетираат повикувајќи се на него

Очигледно СДС нема попаметна работа па листа фотографии на социјалните мрежи и гледа кој се фотографирал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа фабрикува лажни вести.

Да им олесниме, Мицкоски има фотографии и со Димитар Ковачевски, на последната лидерска средба и со Али Ахмети. И двајцата за жал водечки во криминалот во државата.

Фотографијата со нив не значи дека Мицкоски го споделува нивниот криминал, но тоа секако дека значи дека тие и нивните пулени веднаш по нивната смена ќе одговараат за секој криминал.

Кога сме кај соработниците и блиските луѓе до власта, првиот братучед на Сашко Николов, поранешен градоначалник на Штип и финансиер на СДСМ е фатен како е дел од криминална банда рекетари, лихвари и изнудувачи.

Дали првиот братучед на најблискиот соработник на Ковачевски изнудувал и рекетирал поради блискоста и заштита која ја имал со Ковачевски?

Дали Ковачевски ќе се извини за овој скандал и дали е вистина дека братучедот на соработникот на Ковачевски рекетирајќи се повикувал на името на Димитар Ковачевски?

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеЦВЕТИНОВА НАГАРАДА ЗА МИР ЗА ООУ “ПЕТАР ПОП АРСОВ,,