Мицкоски: Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум?

82
Мицкоски: Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира и кој дал наредба истиот да биде ставен во подрум?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Димитар Ковачевски дека случајот со Онкологија не треба да се генерализира и дека ќе има одговорност за сите, рече дека Ковачевски прво мора да одговори зошто системот со кои се следеле лековите не функционира и кој е тој кој дал наредба истиот наместо да е во функција да биде ставен во подрум.

Ковачевски треба да одговори зошто системот со кои што се следеле лековите, не функционира. Кој е тој што наредил наместо тој систем да биде функционален, да биде ставен во подрум и зошто оние кои што ќе платат добиваат соодветен медицински третман, а они кои што не можат да платат се оставени на милост и немилост во тешка мака да умираат, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека има многу прашања и одговори, но многу наскоро тие одговори ќе ги даде идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, укажувајќи дека ќе има одговорност за секој кој се огрешил.

Има многу прашања и многу одговори. И верувајте дека многу наскоро од сега ќе ги добиеме тие одговори како идна влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОдговорност ќе има, после 20 години за прв пат се расчистува ваков случај на Онкологија
Следно соопштениеТрета година по ред оваа неспособна власт, не може да обезбеди учебници за учениците, граѓаните бараат кривична одговорност