Мицкоски: Мојот став е јасен – Треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски, милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале

74
Мицкоски: Мојот став е јасен – Треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски, милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле коментирајќи го предлогот на ДУИ за ветинг на политичките партии, вели дека неговиот став по ова прашање е јасен, а тоа е дека прво треба да се спроведе ветинг на политичарите и нивните блиски, бидејќи како што рече капиталот на политичарите тежи милијарди и треба да докажат како го стекнале.

Што се однесува за ветингот, мојот став е јасен – треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски. Милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале и да видиме потекло на имотот, па потоа сѐ друго. Се пријавувам доброволно да бидам прв во тој процес, изјави Мицкоски за Дојче Веле.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР КАЈ УЛИЦИТЕ „ЦАНЕ ВАСИЛЕВ“ И „КОЧАНИ“
Следно соопштениеООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ПАРТНЕРСТВО СО УЧИЛИШТЕ ОД ДУИСБУРГ