Мицкоски на гозби со ЕВН – граѓаните ги плаќаат нивните профити

27
Мицкоски на гозби со ЕВН – граѓаните ги плаќаат нивните профити

Од средбата на премиерот Мицкоски со раководството на ЕВН Австрија и ЕВН Македонија јавноста доби вообичаени и излитени политички соопштенија за модернизација, инвестиции, одржливи решенија, економска соработка, без да бидат соопштени конкретни обврски и резултати од корист за граѓаните. Се поставува прашањето зошто воопшто беше потребна таква средба кога темите што беа претставени како достигнување се дел од редовните обврски што ЕВН веќе ги има согласно постојните договори и законската рамка.

Очекуваме од премиерот да одговори дали на оваа среба биле отворени прашања за целосното далечинско отчитување на броилата, можностите за динамично менување на тарифите и мерките што би придонеле за намалување на цената на електричната енергија за граѓаните?

Исто така, јавноста има право да знае дали било побарано објаснување за реалните инвестиции на ЕВН во намалување на техничките и нетехничките загуби во дистрибутивната мрежа. Овие загуби ниту се апстрактни, ниту исчезнуваат во воздух. Нив некој ги плаќа, а тоа се граѓаните.

Потребно е да се разјасни и прашањето за електраните на ЕВН и нивната улога во системот. Дали тие треба да служат како компензација на енергијата потребна за покривање на загубите, или ќе продолжат да функционираат како чист профитен механизам? Кога премиерот зборува за „нови инвестиции“, должност е да каже дали тоа значи инвестиции во реална модернизација на мрежата, подобар квалитет на снабдување и помали загуби, како и кои се роковите и обврските што ги превзела компанијата.

Да бидеме јасни, ова не е нормален пазар. Ова е регулиран монопол врз критична инфраструктура. ЕВН не продава луксузен производ, туку управува со систем од кој зависат домаќинства, фирми, болници, училишта и цела економија. Токму затоа премиерот не треба да се умилкува на странскиот капитал. Треба да му постави услови, рокови и обврски. Контрола и казни ако нема резултат.

Кога веќе се одржала ваква средба, јавноста има право да знае што побара Македонија од ЕВН, а не што им ветила Владата на ЕВН. Не колку убаво се насмевнале на фотографиите, туку што конкретно ќе добие народот од ЕВН. Доколку пак, средбата била само за „поволни услови“ за нови профити, тогаш тоа не е енергетска политика. Тоа е сервилност спакувана како државна стратегија, за која цехот го плаќаат граѓаните.

The post Мицкоски на гозби со ЕВН – граѓаните ги плаќаат нивните профити first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБившиот советник од ДПМНЕ, Синадиновски, на платен список на Лотарија – 45.000 евра за чистење парк и гледање фудбал
Следно соопштениеШумската мафија го опустоши Лопушник – Трајанов и Михаилов да се разрешат од Македонски шуми