Мицкоски на средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

80
Мицкоски на средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, високиот степен на корупција во Македонија како и евроинтеграциските процеси на Македонија во однос на спорот со Бугарија.

Претседателот Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да прифати уставни измени под овие околности и под бугарски диктат.

Воедно, се истакна меѓусебна благодарност за добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се соглсивме дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина врз база на рамноправност, принципи и вистински вредности.

Мицкоски на средба со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ)

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУтро наменето за децата, а вечерва Жаре Бербер и Петар Грашо
Следно соопштениеБујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема