Мицкоски: Од оваа влада не очекувам разрешница за аферата „Диво месо“ на Онкологија, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја изнесе пред лицето на правдата Канцер мафијата

115
Мицкоски: Од оваа влада не очекувам разрешница за аферата „Диво месо“ на Онкологија, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја изнесе пред лицето на правдата Канцер мафијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски Мицкоски денеска од Радовиш во „Важно е! Од тебе зависат промените“, одговарајќи на новинарско прашање истакна дека со оваа влада на СДС и ДУИ не може да се очекува правна разрешница за аферата „Диво место“ во Онкологија, но како што посочи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера виновниците да ги изнесе пред лицето на правдата. 

– Со оваа влада не очекувам, бидејќи многу факти беа кажани, многу докази беа изнесени на работата на Анкетната комисија во рамки на Собранието. Најмалку што требаше обвинителството да ги повика да дадат исказ по допрен глас, но како што може да видите тоа не се случува, изјави Мицкоски.

Мицкоски изрази жалење што ни тоа обвинителството не го направи и посочи дека навистина се очекуваше повеќе човечност од страна на владата на СДС и ДУИ и органите на истрагата.

– Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера сериозно да се пресмета со оваа Канцер мафија и сите виновници да ги изведе пред лицето на правдата, потенцираше Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Министерот за економија го изгубил тлото под нозете како и целата влада ДУИ – СДСМ, по маркетите имаме европски цени а стандардот ни е полош и од некои афрички земји
Следно соопштениеШто ќе рента Османи за 900.000 евра? Кога 175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра?