Мицкоски: Одамна побарав средба, Владата одбиваше за на крај повторно да завршиме на таква лидерска, изгубеното време не кошта неспособна и криминална власт

119
Мицкоски: Одамна побарав средба, Владата одбиваше за на крај повторно да завршиме на таква лидерска, изгубеното време не кошта неспособна и криминална власт

Немаме други позиции, освен оние што беа во јавноста кажани. Очекувам да бидам дел од уште една гимнастика да слушнам од Ковачевски и владините партнери, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава пред лидерската средба запрашан од новинарите за тоа со какви позиции влегува на средбата и дали очекува договор.

Мицкоски потсети дека многу одамна побара лидерска средба во формат што ќе го одреди власта, но тие со обиди за политички гимнастики ја избегнуваа, за на крај повторно да се седне на една таква лидерска средба.

Посочи дека изгубеното време да не се свика лидерска средба, Македонија ја кошта неспособна и криминална власт, за што за неколку месеци ќе има одговорност.

„Јас побарав лидерска средба во формат во кој што тие ќе го изберат уште многу одамна, правеа обиди за политички гимнастики повеќе недели за да на крај, повторно, завршиме на една таква лидерска средба. Изгубеното време не можеме да го вратиме. За жал, тоа изгубено време не кошта уште некоја недела неспособна и криминална власт. За неколку месеци од денеска ќе дојде крај и ќе има одговорност“, рече Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Уставни измени нема да има додека нема јасен европски пат за Македонија и додека Бугарија не се откаже од хегемонистичките политики
Следно соопштениеМицкоски: На СДС, ДУИ и Алијанса им посакувам долги години во опозиција за да може да се реформираат и да излезат од прегратките на криминалците