Мицкоски: Предвремени парламентарни избори се единствено логично решение во оваа ситуација на голем криминал и корупција

245
Мицкоски: Предвремени парламентарни избори се единствено логично решение во оваа ситуација на голем криминал и корупција

Ние излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори. Ова го порача лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија.„Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада која не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.„Потребно  е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничка влада и избори на есен“, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтудиска посета на тимот на Итно Копче во Црвен крст Грац, Австрија
Следно соопштениеГруби многу зборуваше, но ништо не кажа –  еден криминален чин извади на виделина сомнеж за уште поголем криминал