Мицкоски: Владата, град Скопје и ЈП комунална хигиена да ја остават политиката на страна и да бидат над ситуацијата, скопјани заслужуваат чист град, за тоа плаќаат

142
Мицкоски: Владата, град Скопје и ЈП комунална хигиена да ја остават политиката на страна и да бидат над ситуацијата, скопјани заслужуваат чист град, за тоа плаќаат

Апелирам и до владата и до градот Скопје и до одговорните лица во ЈП Комунална хигиена да ја остават политиката на страна, да бидат над ситуацијата, да ја остават фрустрацијата и егото. Можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам, затоа што скопјани заслужуваат чист град, хигиена која одговара на 21 век и на потребите на еден главен град, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Бутел одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со сметот кој настана поради град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Мицкоски ги повика да ја остават политиката на страна и приоритет да биде чистотата во градот и скопјани.

– Оставете ја политиката, дајте да го исчистиме градот срамота е ова што се случува, после тоа ќе разговараме за се, има време за политика и политиканство, има време за се друго. Сега прв приоритет треба да биде чист град и услуга онаква каква што заслужуваат скопјани, впрочем каква што тие плаќаат, рече Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Едно од решенијата да се одржува хигиената во Скоопје е механизацијата да биде отстапена на општините кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под Скопје не може да одржува чистота
Следно соопштениеМицкоски: Апелирам до надлежните во Дрисла да не попречуваат одлагањето на сметот, да не ги тероризираат скопјани, фрустрацијата и егото да не бидат на прво место, туку желбата да се помогне