Мицкоски: Во програмата 1198 планирани се 250 милиони евра за општините, над 1 милијарда евра за четиригодишен мандат за решавање на потребите на граѓаните низ цела држава

43
Мицкоски: Во програмата 1198 планирани се 250 милиони евра за општините, над 1 милијарда евра за четиригодишен мандат за решавање на потребите на граѓаните низ цела држава

При денешната посета на општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на платформа 1198 и дали се предвидени пари за општините истакна дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ планирани се 250 милиони евра за општините и 1 милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.

„Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните. Целта на овој проекти е да практично допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација водоводи, атмосферска и фекална асфалт, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во пред школската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните. Тоа е вкупно 1 милијарда евра во рамките на еден четиригодишен мандат и цениме дека на овој начин ќе покажеме дека сето она кое што е можеби испуштено повеќе од три децении ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат а на тој начин да дојдеме што е можно поблиску до граѓаните. Од овде од Гевгелија апелирам до сите градоначалници без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ или од другите политички партии да подготват проекти и таму некаде наесен кога очекуваме да биде јавниот повик да аплицираат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да практично одобри средства за реализирање на тие проекти во општините, ние не сме како владата на СДСМ и ДУИ ние сакаме да ја развиваме Македонија на целата територија на 26 илјади квадратни километри, секоја педа секој метар ни е важен, без разлика дали градоначалникот е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и во име на тоа ги повикувам сите градоначалници да подготват проекти, да аплицираат и заедно со тие градоначалници да ги реализираме тие проекти што се од интерес на граѓаните во цела Македонија“,нагласи Мицкоски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „СОЛУНСКА“
Следно соопштениеКовачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места