Мила Релиќ со бронза од Полска и нови поени за Лос Анџелес 2028

49
Мила Релиќ со бронза од Полска и нови поени за Лос Анџелес 2028

Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Полска Г-1 Опен во Варшава. Нашата најдобра таеквондистка и стипендистка на Македонскиот Олимписки комитет во првото коло ја победи Аида Митровиќ од Австрија со 2:0 во рунди.

Во 1/4 финалето во многу тесна борба Мила ја победи Хелена Кичева од Хрватска со 2:1 во рунди и со тесен резултат во решавачката 3. рунда од 7:6. Во меѓусебните пресметки до сега сме 4:1 со Кичема. 

Во полуфиналната борба беше сопрена од чехињата Петра Столбова со 0:2 во рунди. 

Ова се нови 3,60 поени за Мила за собирање поени за Лос Анџелес 2028. 

Следни турнири се во Албаник и Црна Гора пред најважниот турнир годинава светското првенство Кина од 24-30 октомври.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛевица призна и се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството, ако Мојсоска била сметководител на партијата тоа е противзаконски
Следно соопштениеНиколовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата