Ви ги претставуваме учесниците на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август оваа година во Париз .
#Paris2024
#TeamMKD
#RoadToParis2024
Мила Релиќ, Таеквондо
Мила на последните 7 турнири е освојувач на 5 медали. Ги доведе до совршенство одредени техники со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Посебно со кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот во женска конкуренција. Последниот златен медал го освои на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија).
И посакуваме среќа на Мила која својот настап ќе го има на турнирот кој ќе се оддржи од 7 до 10 август!