Мила Рељиќ освои бронзен медал Европското првенство до 21 година во Букурешт

106
Мила Рељиќ освои бронзен медал Европското првенство до 21 година во Букурешт

Мила Рељиќ ја круниса годината со бронзен медал на Европското првенство до 21 година во Букурешт, Романија.

Мила извојува три победи над противнички од Хрватска, Полска и Унгарија, а во полуфиналето загуби од унгарска репрезентативка.

„За нас Мила Рељиќ после четири тешки борби и три победи над Хрватска, Грција, Полска, во полуфиналето бевме поразени од извонредната Унгарка“, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов и додава:

„Овој медал е резултат на секојдневниот труд и вложување во последниве години. Конкуренцијата во олимписките спортови е огромна и да се стигне до медал на Европско првенство, посебно за мала држава е епски успех. Следна цел се квалификациите за олимписките игри во Париз 2024“.

Ефтимов изрази благодарност до Македонската таеквондо федерација.

Во оваа категорија со злато се закити токму В. Мартон, „сребрена“ е нејзината сонародничка Луана Мартон, а бронзи имаат Рељиќ и Ирене Монтемуино од Шпанија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈанушев до Ковачевски: Премиер во техничка влада предлага партија со најголем број пратеници во Собранието! Која партија има најголем број пратеници в.д. премиере?
Следно соопштениеНаместо да чекал интервју за да каже дека ќе бара екстрадиција од Ердоган, Пендаровски тоа требало да го стори до сега