Милијана Релиќ денес ја потпиша Олимписката стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028
Со големо задоволство информираме дека Милијана Релиќ, учесник на претходните ОИ Париз 2024 наша најдобра таеквондистка, денеска свечено го потпиша договорот за Олимписка стипендија за ОИ Лос Анџелес 2028.
Потпишувањето се одржа во просториите на Македонскиот Олимписки комитет, каде Милијана го официјализираше својот пат кон олимпискиот сон.
Оваа стипендија е заслужено признание за нејзиниот постојан труд, исклучителен талент и неверојатна посветеност кон таеквондо спортот. Стипендијата ќе ѝ овозможи финансиска и логистичка поддршка во претстојниот четиригодишен циклус, покривајќи ги трошоците за:
– Интензивни тренинзи
– Учество на врвни меѓународни натпревари
– Подготовка со елитни тренери
– Спортска исхрана и рехабилитација
Милијана Релиќ е вистински пример за генерациите и нејзината посветеност е најдобрата мотивација за сите млади спортисти. Македонскиот Олимписки комитет и целата спортска јавност стојат зад неа, верувајќи во нејзиниот успех на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година.
Ѝ посакуваме многу среќа, истрајност и успех во остварувањето на нејзината олимписка цел!
