Прекрасни вести од ИОК.
Златниот медал на Мила од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар како и континуираната усппешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.
Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти.
НАПРЕД МИЛА!!!