Милијана Рељиќ освои сребрен медал на „Албанија опен Г-1“и нови 6 поени на олимписката ранг-листа

8
Милијана Рељиќ освои сребрен медал на „Албанија опен Г-1“и нови 6 поени на олимписката ранг-листа

Вчера во Тирана на „Албанија oпен“ од Г-1 серија, стипендистката на МОК, Милијана Рељиќ освои сребрен медал и нови 6 поени на олимписката ранг-листа.

„Во првото коло Мила беше слободна поради доброто рангирање, во второто ја совлада Теопула Сарванаки од Грција која е светска вицешампионка од 2022 од Мексико. Мила ја совлада Сарванаки во тесна борба со 2-1 во рунди. Во полуфиналето се бореше со Шпанката Елза Чарлс Секанел која ја добивме со 2:0 во рунди, иако Секанел ни зема доста поени и беше во водство двете рунди, но поради извонредната кондициска форма Мила ја напаѓаше цело време и ја тераше или да паѓа на татамите или ја истеруваше од него, каде со по 5 казнени поени Шпанката ги загуби двете рунди.  Во финалната борба бевме поразено од Дора Мештровиќ од Хрватска со 0-2 во рунди“,  изјави тренерот Александар Ефтимов и додаде:

„Ова е извонредна форма пред Светското првенство во Кина на крајот на месецот каде ќе атакуваме на медал“.

Резултати:
Милијана Рељиќ – Теопула Сарванаки (Грција) 2-1
Милијана Рељиќ – Елза Чарлс Секанел (Шпанија) 2-0

Финале
Милијана Рељиќ – Дора Мештровиќ (Хрватска) 0-2

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие нов модерен спортски центар
Следно соопштениеФилипче: Центар на овие избори прв ќе му порача на Мицкоски и неговата банда, доста е