Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

59
Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина.

Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди се случуваа токму во времето на СДС и ДУИ.

Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.

На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино.

И сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.

Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПредавството на Македонија во живо, во Собранието
Следно соопштениеАКТ денеска ќе ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот