Милјана Рељиќ го освои петтото место на Европските игри 2023

89
Милјана Рељиќ го освои петтото место на Европските игри 2023

Милјана Рељиќ на својот прв настап на Европските игри го освои одличното 5-то место. Таа во првото коло убедливо ја победи Каролине Гјелсвик (Норвешка) со резултат 2:0. Во второто коло, Милјана загуби од веќе актуелниот вице-Европски првак Петра Столбова со 2:1, иако резултатот на крајот на борбата беше изедначен. Сепак, после судијско прегласување Чехињата продолжи понатаму и на крај стана вице Европски првак. Во борбите за бронзен медал, Милјана со сигурен настап ја совлада италијанката Кристина Гаспа 2:0, но потоа загуби против вице-светскиот првак англичанката Жадин Пауел. Честитки за Милјана, која секако во иднина со сигурност ќе постигнува високи Олимписки и спортски резултати.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМерко има обврска да соработува со институциите, и тоа не треба да се поздравува како негова добра волја како што прави Ковачевски
Следно соопштениеДејан Георгиевски ќе се бори за златото