Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар Левица

80
Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар Левица

Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати – министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар.

Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар – најголемиот проблем кој никако да се реши.

Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго.

За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка.

Сите политички партии ветуваат дека ќе нема повеќе листи за чекање на прием во градинките и дека ќе се вработат доволен број на воспитувачки и негователки, но тоа останува само нереализирано предизборно ветување.

Ваквиот нечовечки однос кон најмалите и најмилите жители на нашата држава е уште еден доказ дека оваа власт е исто толку ненародна колку што беше и Владата на СДС и ДУИ.

Левица апелира за итно решавање на проблемот со обезбедување компетентен и стручен кадар и изнаоѓање решенија за згрижување на сите дечиња од т.н. ,,листи на чекање” – сè во интерес на најмалите, нивните родители и потесни семејства!

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеOпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа
Следно соопштениеЈаневска ги обвинува училиштата, а таа не им ги продложи договорите на личните асистенти