Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкологија до ЈО

101
Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкологија до ЈО

На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието.

Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото.

Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.

Се понатаму е во рацете на обвинителството.

Линк од ФБ објава на Рашела Мизрахи, пратеник:

  • https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0NXDh5B2maEjMT99dX8dhmGVXYqMeofMNUVftx8GLgCiHw1fCLU6UtLG28SUQgsNUl&id=100047001469974&mibextid=Nif5oz

Извор на соопштението

Претходно соопштение7 години власт СДС не направи ништо за почист воздух, само политиканство, а сега кога се во паника и очај виновни се градоначалниците
Следно соопштениеИНФОРМАЦИЈА – Ракометна Федерација на Македонија