МКЦ ПОВИК: ЛИКОВНА ПРОГРАМА 2023

135
МКЦ ПОВИК: ЛИКОВНА ПРОГРАМА 2023

Младинскиот културен центар распишува ПОВИК за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2023 година.

На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ. Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Апликациите ќе бидат разгледувани од комисија која ќе ги разгледа апликациите и во сооднос на можностите ќе доделува термини за изложба во просторот на МКЦ. Ќе бидат разгледувани и апликации за изложби кои ќе бидат делумно финансирани.

Со цел да земат учество на повикот, апликантите не треба ништо да печатат, да носат во архивата на МКЦ или да праќаат по пошта – доволно е само уредно да ја пополнат апликацијата онлајн преку следниот линк:

Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 1 април 2023.

МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација.


Извор на соопштението
Претходно соопштениеПОСЕТА НА В.Д АМБАСАДОРОТ НА САД, ЕРИК МЕЈЕР НА ОПШТИНА БИТОЛА
Следно соопштениеМКЦ е повторно на мета на партиски мегдан