Утре (13 Април 2024 година), со почеток од 13:00 часот ќе се одржи извлекувањето на групите за 24th IHF Women’s Junior World Championship што летово ќе се оддржи во Македонија.
Како домаќини на 24th IHF Women’s Junior World Championship ќе имаме привилегија да одбереме во која група да настапуваме.

Извлекувањето започнува со репрезентациите од четвртиот шешир од група А кон Група Х, потоа се извлекуваат репрезентациите од третиот шешир од група А кон група Х, потоа следи извлекувањето на репрезентациите од првиот шешир исто така од група А кон група Х.
Пред извлувањето на репрезентациите од вториот шешир, ќе имаме привилегија за одбирање на група во која ќе настапиме на 24th IHF Women’s Junior World Championship. Откако ќе одбереме група, извлекувањето ќе продолжи со излвекување на останати репрезентации од вториот шешир.
Шешир 1: Унгарија , Данска, Романија, Португалија, Шведска, Ангола, Франција, Швајцарија
Шешир 2: Кореа, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Македонија, Германија, Чешка
Шешир 3: Гвинеја, Исланд, Шпанија, Кина, Аргентина, Тунис, Бразил, Јапан
Шешир 4: Чиле, Кинески Тајпеј, Иран, Мексико, Америка, Алжир, Нов Зеланд, Узбекистан
Извлекувањето ќе биде емитувано во живо на IHF каналот на YouTube.