Младите ќе ги предводат геополитичките промени во светот

106
Младите ќе ги предводат геополитичките промени во светот

Во рамките на Младинскиот Форум за Развој „МОСТ на иднината”, (кој се одржува во Пекинг, претседателот на Црвена Младина – Марио Јанески во своето обраќање ги адресираше проблемите со кои се соочуват младите во Македонија:

  • Огромна социјална нееднаквост;
  • Невработеноста кај младите;
  • Неквалитетното образование;
  • Социјална исклученост;
  • Нерешено станбено прашање

Притоа, Јанески ги потенцираше спрегите помеѓу разните НВО-а, неолибералната пропаганда и националните предавства, како главни предизвици и пречки за подобрување на животот на младите, напоменувајќи ја и визијата на Левица за регионална и глобална соработка на младите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина и земјите вклучени во иницијативата Појас и Пат.

Н.Р Кина ја препознаваме како клучен фактор во создавањето на новиот мултиполарен свет и младите со визија и храброст имаат одговорност да ги предводат геополитичките промени кои се случуваат во светот.

Во униполарен свет, каде што една хегемонистичка суперсила ги разрушува земјите со мала и средна политичка, економска и воена моќ, младите од истите земји немаат друг избор освен да се иселуваат, и затоа Левица ќе продолжи да ги зацврстува и продлабочува своите врски со сите држави.

Во знак на благодарност и со надеж за понатамошна долгорочна заедничка соработка на младите од Македонија и НР Кина, на организаторите им подаривме една од 150-те монети со ликот на Гоце ДЕЛЧЕВ, која беше издадена од страна на Левичарскиот институт – Рацин, во чест на 150 годишнината од неговото раѓање.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.03.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ДАВА СУБВЕНЦИИ ЗА ПОПРАВКА НА ПОКРИВИ НА ЗГРАДИТЕ И КУЌИТЕ
Следно соопштениеГрадоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ удри по џебот на граѓаните, поскапи комунални услуги за 66 отсто