МОК ги претстави Олимпијците за Милано Кортина 2026: Историски настап со четворица натпреварувачи

92
МОК ги претстави Олимпијците за Милано Кортина 2026: Историски настап со четворица натпреварувачи

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, изрази задоволство од постигнатото и од новите партнерства:

„Стојам гордо пред вас бидејќи за прв пат настапуваме со четворица спортисти со А-норма. Ова е плод на работата на Скијачката федерација и олимпискиот систем кој го градиме. Особено ми е мило што на овој пат ни се приклучија и нови спонзори и партнери, што ја потврдува довербата во овој тим. Обезбедивме комплетна зимска опрема од ‘JOMA’, а за здравјето ќе се грижи болницата ‘Вита-Ес’. Иако сме јужна земја, а не скијачка велесила, нашите олимпијци по квалитет се посилни од целиот регион околу нас. Обезбедивме врвни услови и силна логистика на сите полиња за да се претставиме во најдобро светло.“

Делегацијата ќе биде сместена во неколку олимписки села со цел спортистите да бидат поблиску до патеките, а за нивната логистика ќе се грижат шефот на мисијата Цветанка Макаровски и нејзиниот заменик Петар Спасеновски. 

Распоредот за настап на нашите нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари. 

Настапите ќе се пренесуваат на Македонската радио телевизија (МРТ), во рамки на специјализираното студио за ЗОИ 2026.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе
Следно соопштение„Буџетот не е во најдобра состојба“- владата на Мицкоски го потврди она што го говори СДСМ