По повод одржувањето на Европскиот Јуниорски Џудо Куп, кој од 12-14 август ќе се одржи во Олимпискиот центар “Јане Сандански“, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски оствари работна средба со претседателот на Европската Џудо Унија (ЕЏУ), Ласло Тот придружуван од потпретседателот на ЕЏУ, Хрвоје Линди, претседателот на Џудо федерацијата на Северна Македонија (ЏФСМ), Владо Трпановски, потпретседателот Горан Антевски и Генералниот секретар Миодраг Стојановиќ. На оваа средба беа договорени заеднички проекти за развој на џудото како што се Џудо во училиштата и Џудо за сите.
