Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата

111
Монструмот Палевски е и последица на токсичната атмосфера и говорот на омраза која непречено ја продуцираше на поткастите, заштитени од власта и полицијата

Убиството на Вања и создавањето на монструмот Палевски е и последица и на лажната недопирливост која Палевски и неговата банда со поткасти ја чувствуваа и работеа непречено, а преку која ширеа токсична атмосфера. Сето ова се случуваше пред лицето на МВР кое поради политичка пресметливост и конекции со оваа групација го амнестираше ваквото однесување. 

Со години Палевски добива медиумски публицитет каде жигосуваат луѓе и сеат говор на омраза, невистини и шпекулации. Со години Палевски и неговите соработници шиканираат луѓе преку својата емисија, оцрнува луѓе, повикува на тепање и друг вид насилство. Палевски ширеше говор на омраза, располагал со информации добиени од власта, „бомби на СДС“ и тоа поминуваше неказнето.

Палевски и неговата банда не можеле досега да функционираат и да поминуваат без санкција, ако зад нив не стои врвот на власта и им се дава лажна претстава за моќ поради кои рекетираа и изнидуваа пари.

Оливер Спасовски, како шеф на МВР е одговорен и најповикан зошто со години дозволува Палевски и неговата рекетарскaориентирана банда да шират токсична атмосфера, да се закануваат и да шиканираат луѓе, но и за неговото бегство.

Спасовски не може да се амнестира, зошто со години не презема ништо за санкционирање на Палевски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОчекувавме наместо демант од МВР, оставка од морални причини и одговор на Спасовски кога знаел за убиството и дали молчел заради Самитот?
Следно соопштениеСрамно е СДС да се фали со разрешница на случај со двајца убиени, а главниот сторител е во бегство