Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена  

8
Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена  

Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и нејзината партнерка Ленче Ристоска кон ВМРО-ДПМНЕ го доби крајниот епилог.

Ленче имаше 7 години да го реши случајот, напротив го затрупа во политички окови.

Правдата конечно е задоволена, а се докажа дека овој случај не е ништо повеќе од политички монтиран случај кој своевремено имаше други цели, а тоа беше прогон врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ за промена на името.

СДС може секојдневно да држи прес-конференции за некаква си контрола на судството, но граѓаните паметат кој беше алфа и омега во судството и кој влијаел и директно посочувал кој да биде прогонуван во судски постапки и тоа ќе остане во колективната меморија на граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГрадоначалникот Сотир Лукровски гостин во утринската програма на МТВ
Следно соопштениеМЛАДИНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОСТВАРИ УБЕДЛИВА ПОБЕДА НАД ТУРЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТО