Муцунски: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Мицкоски на Конгрес на ЕПП работи на афирмација на позициите на Македонија во контекст на ЕУ

67
Муцунски: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Мицкоски на Конгрес на ЕПП работи на афирмација на позициите на Македонија во контекст на ЕУ

Како дел од делегацијата предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, два дена сме на Конгресот на Европската народна партија во Валенсија. Европската народна партија во моментот е најмоќнато и највлијателното политичко семејство во Европа. Претседателот Мицкоски ќе има свое обраќање пред пленарната сесија, но предвидовме и многу средби. Ќе се сретнеме со новиот канцелар на Австрија, господинот Стокер, со лидерот на албанската опозиција Периша, со лидерот на СНС Вучевиќ, со претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Мекалис. Работиме на афирмација на нашите национални позиции поврзани примарно со европската интеграција. Потребата од забрзана интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е императив како за регионот така и за ЕУ. Нашите македонски национални интереси ќе бидат заштитени нашите позиции ќе бидат претставени и секако ќе бидеме рамноправен дел во собирот на најмоќното политичко семејство во Европа.

Линк од видео материјал:

https://we.tl/t-511tyh4P1l

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?
Следно соопштениеПроектот „Од селектиран отпад до нов креативен производ“ ги дава очекуваните резултати