Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски се во посета на САД каде што учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД

126
Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски се во посета на САД каде што учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, Претседателот на ЗЕЛС и Градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД. 

На покана на Амбасадата на САД во Македонија и Американскиот Стејт Департмент Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД.

Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон.

Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија.

Во следните денови тие ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКомисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Молк и втора недела од скандалот Онкологија
Следно соопштениеСтрумица го празнува 11 Септември – Денот на ослободувањето – Општина Струмица