Муцунски: Сами ќе го решаваме проблемот со сметот, побарав помош од општина Штип, вечерва ќе спроведеме акција за собирање на натрупаниот смет во Аеродром

177
Муцунски: Сами ќе го решаваме проблемот со сметот, побарав помош од општина Штип, вечерва ќе спроведеме акција за собирање на натрупаниот смет во Аеродром

Поради неодговорноста и лошото работење на градската администрација и јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е веднаш сами да го решаваме проблемот со натрупаниот смет во контејнерите на територијата на општина Аеродром.

За нас, градоначалниците кои доаѓаме од редовите на ВМРО ДПМНЕ, најважна е грижата и здравјето на граѓаните, а меѓусебната поддршка и соработка е тоа што не прави поразлични од другите. На мое барање, Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов одобри испраќање на механизација и работници кои со поддршка на општинските капацитети, вечерва ќе спроведат акција за расчистување на натрупаниот смет од контејнерите.

Благодарност до Иван и Општината Штип за поддршката и помошта. Ние, утре со своите расположливи капацитет продолжуваме да работиме на расчистување на сметот и контејнерите.

https://www.facebook.com/TimcoMucunski/posts/pfbid0Du42vL9wVwEyJ6Lxi3yna8nYU27DBKMFFJxuexgYsWNtwowgtChLHKiNt23dwqUVl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДа не дозволиме Кисела Вода и Скопје да тонат во смет, кога некој што треба тоа да го работи е неспособен
Следно соопштениеКостовски: Ако вечерва не реагиравме и не го расчистевме сметот низ скопските улици кој ЈП „Комунална хигиена“ не го собира, можеше да избие зараза