МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ НА СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ“ ЗА ОТВОРАЊЕ НА 16 ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО – БИТ ФЕСТ

120

Општина Битола се подготвува за реализација на уште едно незаборавно културно лето, исполнето со квалитетни културни содржини, нови концепти и традиционални манифестации. Најголемото музичко доживување во Битола на официјалното отворање на 16 издание на БИТ ФЕСТ, најавува програма со висок квалитет. За првпат, Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на отворањето на БИТ ФЕСТ 2024 ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе се одржи на 3 јули 2024 година, со почеток од 19 часот. Следува несекојдневен настан, кој ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола. Подготовките се веќе започнати, а наскоро следуваат и детални информации за настанот, како и за целата културна програма на Битолскиот летен фестивал БИТ ФЕСТ. Со ваквиот пристап, Општина Битола, продолжува да посветува посебно внимание на културниот живот во градот, овозможувајќи поддршка на домашната културна сцена, но истовремено поставувајќи ја Битола на светската културна мапа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТркалезна маса на тема „ Одржлива иднина со зелени иновации- важноста на креирање на иновативни образовни центри за развивање на зелени иновациски вештини “
Следно соопштениеМицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место