Музичкото училиште „Боро Џони“ со нови современи простории – Општина Струмица

141
Музичкото училиште „Боро Џони“ со нови современи простории – Општина Струмица

Учениците и вработените во основното музичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во нови и современи простории. Со реконструкцијата којашто започна во декември минатата година, надграден е уште еден кат  со нови кабинети, училници, канцеларии и помошни простории, како и нов покрив и нова термо фасада на целиот објект.

Градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот и претставници на општинската администрација го посети училиштетото и на вработените и им посака среќен почеток на новата учебна година.

-Новата учебна година ја одбележуваме со заокружување на уште една нова капитална инвестиција во симбиоза на Општина Струмица и Министерството за образование и наука, а тоа е комплетната реконструкција на зградата на музичкото училиште и адаптацијата на поткровјето заради потребите коишто ги имаше училиштето од нови кабинети и нови простории за вработените. Ако се земе в предвид фактот дека на почетокот имало 13 вработени и 120 ученици, а сега имаме триесетина вработени и 300 деца, тоа ни дава за обврска да реализираме проекти какви што реализираме денес, изјави градоначалникот Костадинов.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа да биде Ковачевски хумористичен треба да има смисла за хумор и интелигенција, народот сака власт која легитимно ќе биде избрана на избори, а не како него инсталирана
Следно соопштениеПокрај “Ранче за секое прваче”, годинава стартуваме и со бесплатни униформи за сите ученици