На само триста метри додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку власта е европска, се случи рутинска каубојска крими пресметка

122
На само триста метри додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку власта е европска, се случи рутинска каубојска крими пресметка

Почитувани,
За тоа колку власта е европска говори и вчерашниот настан кој веќе е рутина во главниот град, да се случуваат криминални пресметки меѓу криминални пулени на власта, додека во исто време Спасовски и Ковачевски не убедуваат за европските вредности.

Среде Скопје, во трговски центар преполн со луѓе се случи уште една пукотница додека Ковачевски го убедуваше Ескобар колку оваа криминална влада е европска. Во оваа држава криминалците и политичкото водство на државата се едно. Криминалците и истите тие кои се пресметуваат се луѓето чии услуги ги користат властите и затоа е дрскоста со која среде главниот град си се пресметуваат а Скопје го претворија во вестерн стрелиште. Со години влакно не им фали на криминалците кои се заштитени како бели мечки. Затоа се потребни промени, и затвор за сите кои се огрешиле кон законот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБлокадата на европскиот пат е скапо и опасно, изолација и загубени 10 милијарди евра
Следно соопштениеБеше против НАТО сега е против ЕУ, единствена политика на Мицкоски се блокадите