На СДС им порачуваме “Диазепам” по едно на ден, оваа дијагноза мора да има терапија

29
На СДС им порачуваме “Диазепам” по едно на ден, оваа дијагноза мора да има терапија

Место одговор во консултација со стручни лица што друго да одговориме на вакво соопштение ни рекоа да им препорачаме ова:

Оваа оптеретеност со стриковци и татковци покажува потсвест на напуштено дете кое плаче, рика и со овие глупи соопштенија си ја удира главата од земја за да привлече внимание. Опсесијата со луѓе од други земји но и агресијата со која настапуваат и ова удирање во гради, силење и лудување е веќе дијагноза, а не политика.

Толку од нашиот одговор.

Очекуваме ваквава состојба кај СДС да прогресира со оглед на симптомите и манифестациите и укажуваме на јавноста да има разбирање и на нив да гледа како на некој на кого му е потребна стручна помош и да ги игнорира и во таа смисла да ги разбира нивните глупости и лаги кои се дел од оваа симптоматологија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУпатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030
Следно соопштениеПретседателот Димевски му оддаде признание на Берат Јакупи: Величествен крај на спортската кариера и отворање на ново поглавје во Олимпискиот комитет