На Струмичкиот плоштад беше реализиран проектот „Растеме во шампиони“ – Општина Струмица

132

Вчера на струмичкиот плоштад, во оргазниација на „Отворени забавни фудбалски школи“, а со поддршка на НЛБ Банка – АД Скопје и Општина Струмица, низ спортски, забавни и музички содржини, беше реализиран проектот „Растеме во шампиони“.

На овој настан, преку промоција на грасрутс активности, учество зедоа стотина момчиња и девојчиња, меѓу кои и деца со даунов синдром. Основна цел на овој проект е подигањето на свеста за вклучување на децата и младите во разни спортски активности како еден од нужните предуслови за водење здрав начин на живот.

Инаку, Струмица е еден од десетте градови во државата во кој успешно се реализира проектот „Растеме во шампиони“, а нашиот град и овој пат се покажа како извонреден домаќин.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта НЕ Е Европа, тие се обични измамници со куп криминали кои ги нема во Европа
Следно соопштениеПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ДУП З 06, БЛОК 06