Национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи

68
Национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи

Во периодот 21-24.09.2023 во тренинг центарот на Црвен крст Бугарија – Лозен, се одржа национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи при Црвен крст Бугарија и Црвен крст Софија.

Црвен крст на РСМ учествуваше и даде поддршка на вежбата со три лица во делот на ППП (Прва психолошка помош), ПП ( Прва помош) и Логистика. 

Во рамки на реализацијата на вежбата како искуства кои позитивно би се извекле и би биле корисни за примена во рамки на нашето национално друштво и соодветните тимови е разгледување на можноста за годишни проверки на подготвеноста на тимовите за одговор во катастрфои со кои располага националното друштво, како на територија на град Скопје, така и на тимовите во рамки на Општинските организации на Црвен крст на цела територија на државата, со цел здружен и координиран одговор, при претходно подготвено сценарио кое би било непознато за истите.

Од аспект на можности за доедукација и прогрес на тимовите во дадените сектори на ЦК Бугарија и Црвен крст на РСМ има можност и расположение за организација за заеднички теренски вежби како и размена на искуства во делот на расположливост со дадена опрема, соодветно користење, координација и употреба на технологија, односно дигитализацијата и нејзината корист во случај на катастрофи. 

The post Национална вежба за проверка на подготвеноста на тимовите за одговор при катастрофи appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПешевска до Маричиќ: Да имаше срам и трошка достоинство, немаше да бидеш во политика, а камоли Вице-премиер за Евроинтеграции!
Следно соопштениеСрамно е што жените пратенички од СДС заради партиски притисок не смеат да го осудат Маричиќ, а згора на тоа мораат и да го правдаат