За најуспешна спортска судијка е прогласена Анета Павловска, која суди на најголемите тениски турнири во светот „Ролан Гарос 2023“ и полуфиналиња на „Вимблдон 2023“. Најуспешна спортска менаџерка е Билјана Кузмановска–Николовска која ја доби наградата за нејзината организација на „Визер Скопскимаратон“, „Авицена Женска трка“ и „Халк Еко Скопје Ран“, како и за извршување на функцијатанационален тренер и селектор во мечување.
Наградата за најуспешна спортска новинарка ја понесе Јана Серафимовa–Петровска, новинарка и водителка на телевизијата Телма и автор на емисијата за спорт „Фер-плеј“. Признанието за најуспешна федерација во унапредување на родовата еднаквост во изминатата година го понесе Велосипедската федерација на Македонија.
На огромно задоволство на присутните, статуетката „Златна Олимпија“ за животно дело отиде во рацете на Катица Димова, членка на југословенската репрезентација во спортска гимнастика и кандидат за Олимписки игри во 1960 година во Рим. Како меѓународен судија, Димова учествувала на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.Таа била селектор и тренер на македонската репрезентација, како и прва продеканка и професорка за настава и наука на Факултетот за физичка култура во Скопје.
